Дома Фудбал Официјално: Покетино го продолжи договорот со ПСЖ

Официјално: Покетино го продолжи договорот со ПСЖ

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино во ПСЖ пристигна во јануари на местото на Томас Тухел и неговиот договор имаше важност до јуни 2022 година.

Денес раководството на клубот од Париз одлучи да ја продолжи соработката со Аргентинецот до 2023 година. Покетино го водеше ПСЖ на 34 натпревари и во тој период запиша 23 победи, четири нерешени и седум пораз. Ваквиот потег можеби е изненадување затоа што ПСЖ минатата сезона не го освои ниту француското првенство.

Во новата сезона пристигнаа неколку големи имиња, а амбициите на клубот секако се трофи, не само дома, туку и оној во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…