Дома Трансфер зона Официјално: Луис Нани нов фудбалер на Лацио

Официјално: Луис Нани нов фудбалер на Лацио

Искусниот крилен фудбалер, Луис Нани и официјално стави потпис на договорот со Лацио, Португалецот во Рим пристигнува од Валенсија на едногодишна позајмица.

Лацио после истекот на позајмицата ќе има право и на откуп на договорот на Португалецот, додека само за позајмицата италијанскиот клуб на Валенсија ќе и исплати два милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Лацио сметаат дека Луис Нани е одлична замена за Балде Кеита кој премина во редовите на Монако.

Нани во својата богата кариера која ја започна во Спортинг настапуваше за Манчестер Јунајтед и Фенербахче. Во Валенсија пристигна минатото лето и во дресот на шпанскиот клуб на 26 настапи постигна пет погодоци и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…