Дома Трансфер зона Официјално: Ливерпул го испрати Кариус во Бешикташ!

Официјално: Ливерпул го испрати Кариус во Бешикташ!

Ливерпул денес и официјално се „ослободи“ од голманот Лорис Кариус, кој кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигнат Бешикташ.

Германецот следните две години ќе ги помине како позајмен фудбалер во Бешикташ, а потоа ќе може да потпише перманентен договор со турскиот гигант.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


25-годишниот Кариус во Ливерпул пристигна од Мајнц, а минатата сезона доби шанса од тренерот Клоп во првиот тим.

Сепак, неговиот престој во Ливерпул ќе биде запаметен по неговите неверојатни грешки во финалето од Лигата на шампиони.

„Сите во Ливерпул му посакуваме се најдобро на Кариус во неговата нова авантура“, стои во соопштението на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…