Дома Трансфер зона Официјално: Лас Шоне има нов клуб

Официјално: Лас Шоне има нов клуб

После сезона ипол во Џенова, Лас Шоне ја напушти Серија А и се врати во Херeнвен клуб со кој заплови во професионалните води.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот дански играч за врска како слободен играч потпиша договвор до крајот на сезоната.

„Клубот е фантастичен и во склад со моите амбиции. Се ближи ЕП и сакам да бидам спремен кога ќе започне. Имав и други понуди, меѓутоа Херенвен ми изгледаше како најдобари збор. Тука се чувствувам како дел од семејство. Сите знаат дека сопругата ми е од овој крај и нејзе ќе и годи што ќе биде повторно дома“, изјави 34 годишниот Шоне кој може да дебитира за Херенвенб веќе во недела против АЗ Алкмар.

Шоне кариерата ја започна во Херенвен во 2005 годсина, во Ередивизија играше уште за Де Графшап, НЕЦ и Ајакс каде што остави најдлабока трага (три титули, еден куп, 287 натпревари, 64 гола). Во Џенова се пресели во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…