Дома Трансфер зона Официјално: Киелини и Барзаљи верни на „старата дама“

Официјално: Киелини и Барзаљи верни на „старата дама“

Искусните дефанзивци Џорџо Киелини и Андреа Барзаљи денес ја продолжија верноста со Јувентус и потпишаа нови договори.

Новиот капитен на „бјанконерите“ Џорџо Киелини потпиша двегодишен договор и ќе остане во Јувентус најмалку до 2020 година, додека Барзаљи потпише едногодишен договор до 2019 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барзаљи и Киелини изминатите години важеа за еден од најдобрите стоперски тандеми во Италија, а Јувентус во тимот ги има уште Мехди Бенатиа, Даниеле Ругани и ова лето од Аталанта пристигна Матеа Калдара.

Италијанските медиуми тврдат дека Челзи е силно заинтересиран за Ругани и дека двата клуба се блиску до договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…