Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски и официјално беше промовиран во летонска Рига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Летонскиот клуб објави дека потпишал договор со Мицевски на две ипол години. Во редовите на Вардар Мицевски дојде во 2018 година и во минатата сезона со Вардар стигна до шампионската титулата. Причина за негово заминување е хаотичната и неизвесна ситуација во која Вардар се наоѓа во овој момент.
Рига ќе биде шести интернационален предизвик за Мицевски кој претходно долго време се поврзуваше со Борац од Бања Лука. Настапуваше уште за Слобода Ужице, ОФК Београд, Нови Пазар, Минск и Ал Нејмех.
Мицевски е четвртиот фудбалер кој го напушта Вардар во овој преоден рок, претходно си заминаа Чарлестон (Македонија Ѓорче Петров), Марко Мартинага (А.Пандев) и Матеј Цветановски (Шкупи). Ќе потсетиме од Вардар во А.Пандев премина и тренерот Александар Васоски.