Тимот на Шкендија денес ќе го игра реваншот против Рига во Скопје, додека Шкупи е на гости среде атланскиот океан против Санта Клара.
Шкендија не покажа скоро ништо во овие европски натпревар, далеку поголеми беа очекувањата од овој тим на тетовци кој доминантно ја освои ПМФЛ. Досега тие одиграа три европски натпревари и сите три ги изгубија, на сето тоа и не постигнаа гол, а примија осум. Против Мура во Скопје во квалификациите за ЛШ беше 0:1, а таму следуваше пораз од 0:5. Следуваше преселба во конференциската лига и натпревар со Рига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првиот натпревар таму Шкендија изгуби со 2:0 и сега е пред тешка задача, ако погледнеме што покажаа тешко е да се надеваме на победа која би ги однела во наредниот круг. Мотив е тука, секако го има, па и паричната награда иако се квалификации од трето по ранг натпреварување за македонски услови не е мала.
Шкупи исто така е во тешка позиција, дури може да се каже и потешка затоа што Санта Клара ја имаше фаворитската улога уште пред почетокот на двомечот. Во Скопје португалскиот тим победи со 0:3, а денес тренерот Седлоски не ќе може да смета и на некои важни играчи во тимот.
Се надеваме на најдоброто, но реалноста најавува дека толку ќе биде ова европско лето за македонските претставници.