Дома Фудбал Италија Официјално: Дадено е зелено светло – Рома добива нов грандиозен стадион! (ФОТО)

Официјално: Дадено е зелено светло – Рома добива нов грандиозен стадион! (ФОТО)

Рома наскоро ќе добие нов стадион!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Градот Рим даде зелено светло за почеток на изградбата на новиот стадион, откако нивното исто барање минатата година беше одбиено.

„Веруваме дека новиот проект ќе оживее еден запуштен дел на градот и изградбата на стадионот е добра одлука. Кога во прашање е градот, изградбата може да започне веднаш. Сметаме
дека новиот стадион и инфраструктурата која ќе биде изградена ќе го подобрат животот на граѓаните“, изјави градоначалничката на Рим, Вирџина Раги.

„Стадио дела Рома“ како што ќе се вика стадионот ќе може да прими 52.500 гледачи, а за неговата изградба би требало да бидат потрошени околу 300 милиони евра.

Рома најави дека со изградба ќе се започне оваа година и се очекува спектакуларниот стадион да биде готов за сезоната 2020/2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Експлозија во Милано, Златан во центарот на хаосот: Алегри на излез по конфликтот со Ибрахимовиќ, навивачите протестираат!

Големиот италијански Милан се соочува со предизвикувачки период. Резултатите повторно изос…