Дома Фудбал Официјално: Босна има нов селектор

Официјално: Босна има нов селектор

Toa што беше најавено во претходните денови денес е и официјално потврдено – Саво Милошевиќ е нов селектор на Босна и Херцеговина.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина објави дека Милошевиќ е избран за нов кормилар на националниот тим и тој доаѓа на местото на Мехо Кодро, откако легендарниот Босанец по само два меча го заврши својот мандат како селектор.

На Милошевиќ ќе му помагаат: Ненад Цветковиќ, Марко Стојановиќ, Недим Јусуфбеговиќ, Марио Иванковиќ и Синиша Мркобрада.

За Милошевиќ ова е враќање на тренерската работа откако веќе две години беше без ангажман откако си замина од Олимпија Љубљана. Претходно го водеше и Партизан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе се договорил со Скот? Целта е потпис уште на 1 јануари

Според Сајмон Филипс, Челси има усна согласност со Алекс Скот за личните услови, но за јан…