Дома Фудбал Официјално: Борусија Дортмунд ќе добие нов тренер!

Официјално: Борусија Дортмунд ќе добие нов тренер!

Eдин Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ потврдија дека тренерот кој ги донесе до финалето во Лигата на шампионите си поднел оставка.

Терзиќ ја поднел оставката, а „Борусија не сакала да му стои на патот и истата ја прифатила.

„За мене е навистина болно што морам да го кажам ова, но се разделувам со Борусија Дортмунд. Ми беше чест што го водев клубот до финалето во Лигата на шампионите и што го освоив Купот во Германија. По натпреварот на „Вембли“ се сретнав со раководството и го известив дека треба да се започне нова ера со нов човек покрај аут линијата. На Борусија и посакувам се најдобро“, изјави Терзиќ.

Засега не е познато кој ќе биде наследник на Теризќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…