Денеска и официјално беше потврден трансферот на Себастијан Але во Борусија Дортмунд.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
28-годишниот напаѓач имаше одлична година ипол во Ајакс, постигнувајќи 47 гола и додавајќи 16 асистенции на 65 натпревари под водство на Тен Хаг кој сега го презема Манчестер Јунајтед.




Сега тој е подготвен за нова епизода во кариерата. Борусија го купи за сума од 33 милиони евра плус бонуси, се очекува тој заедно со Карим Адејеми да ја надоместат големата загуба со заминувањето на Норвежанецот во Манчестер Сити.




Поранешниот играч на Ајнтрахт и Вест Хем ќе го има и бројот на Халанд – Але е новата „деветка“ на германскиот тим. Але стави потпис на договор до 2026 година.




There's a new #9 in town! pic.twitter.com/BEcVqPSeKK
— Borussia Dortmund (@BVB) July 6, 2022