Дома Фудбал Официјално: Боатенг се пресели во „фенерџијата“ во Серија А

Официјално: Боатенг се пресели во „фенерџијата“ во Серија А

Искусниот Жером Боатенг и официјално е нов фудбалер на италијанска Салернитана со што се исполнија најавите од претходните денови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Баерн и Манчестер Сити по епизодата во Лион пристигнува во последнопласираниот тим во Серија А со цел да му помогне во битката за опстанок.

Боатенг зад себе има богата кариера во која настапуваше за Манчестер Сити, Хамбургер, Лион и Баерн Минхен каде што остави најдлабока трага.

Долго време беше и репрезентативец на Германија и за оваа селекција одигра 76 натпревари. Најголемиот успех со репрезентацијата го направи во 2014 година кога го освои Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…