Тоа што се најавуваше изминатите денови доби официјална потврда, Анси фати останува верен на Барселона до 2027 година.
Барселона и 18-годишниот талент успеаа да ги договорат сите детали од новата соработка и Ансу Фати стави потпис на нов договор.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Барселона вечерва и официјално потврди дека талентот останува на „Камп Ноу“ до 2027 година, а во договорот ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Пред неколку дена потпис на нов договор стави и Педри, а се очекува истото да го направи и Гави, таленти на кои каталонскиот гигант сигурно ќе ја гради иднината.
✨ @ANSUFATI will have a release clause of €1 billion#DreamTeen
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 20, 2021