Дома Трансфер зона Откриено зошто пропадна трансферот на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед

Откриено зошто пропадна трансферот на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед

Во Премиер лигата како и вообичаено владее вистинска лудница во последниот ден од преодниот рок и сите клубови се „растрчани“ на сите страни договорајќи ги посакуваните фудбалери во последните часови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед од вчера вечер започна преговори со Јувентус за Марио Манџукиќ, но сега „Би-Би-Си“ ексклузивно пренесува дека од тој трансфер нема да има ништо.

Изгледа дека клубовите не се договориле околу оштетата, а покрај тоа и Манџукиќ не ги договорил личните услови.

Манџукиќ барал 150.000 фунти неделно, тврди „Тајмс“ и Јунајтед сметал дека тоа е премногу за напаѓач кој е во 33-та година од животот.

Во Јунајтед нема да заврши, меѓутоа тешко дека Хрватот ќе остане во Јувентус бидејќи не е во плановите на Сари. Претходно тој се поврзуваше со Борусија Дортмунд и клубови од Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…