Дома Останати Кошарка Откриени буџетите – Работнички добива повеќе од двојно поголема помош отколку МЗТ

Откриени буџетите – Работнички добива повеќе од двојно поголема помош отколку МЗТ

mzt

Koшаркарскиот клуб МЗТ наредната година ќе добие 200.000 евра од општина Аеродром, а тоа скоро и два ипол пати помалку од големиот ривал Работнички.

Работнички од Центар ќе добие 490.000 евра и во овој клуб се надеваат дека ќе можат да им се спротистават на МЗТ во трката за шампионската титула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Треба да се истакне и дека помошта која ќе ја добие Работнички од општината е и најголема за еден кошаркарски клуб во нашата држава.

Според резултатите оваа сезона МЗТ е далеку од тоа што го покажуваше претходните години. Во регионалната АБА лига убедливо се последни, а во македонското првенство веќе имаат три порази во девет кола, додека Работнички има максимални 10 победи.

Најголем губитник кога во прашање се донациите од буџетот на општините е тимот на Карпош Соколи кој нема да добие ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Италијанците го откриле новиот клуб на Димитријевиќ: Потпишува на три години!?

Во текот вчерашниот ден се појави информација дека два италијански и турски гигант покажув…