Дома Трансфер зона Откриена главната трансфер цел на Солскјер

Откриена главната трансфер цел на Солскјер

Манчестер Јунајтед е критикуван поради својата пасивност на трансфер пазарот, па размислува да донесе неколку засилувања во зимскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми откриваат дека главната трансфер цел на Солскјер е ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек. „Црвените ѓаволи“ веруваат дека 22-годишниот играч за врска ќе  биде решение за проблемите во средниот ред и креативноста.

Холандскиот репрезентативец е на радарот на Реал Мадрид веќе подолго време, а тој самиот неодамна изјави дека не размислува за трансфер на средина од сезоната.

Ван де Бек и оваа сезона игра одлично и до сега на 26 меча за Ајакс постигна 8 гола и запиша 8 асистенции.

„ЕСПН“ потврди дека Манчестер Јунајтед веќе спремил понуда за Холанѓанецот и ќе ја испрати во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…