Дома Фудбал Островските медиуми пласираа изненадувачка ТРАНСФЕР БОМБА: Луиз заминува во најблиското соседство?!

Островските медиуми пласираа изненадувачка ТРАНСФЕР БОМБА: Луиз заминува во најблиското соседство?!

Менаџерот на „Плавите“, Антонио Конте не смета на услугите на 30-годишниот фудбалер. Одамна не му дава шанда за игра, па фантастичниот Бразилец веројатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ во јануари.

Луиз се поврзуваше со преминување во Реал Мадрид и Барселона, но последните информации кои пристигнуваат од Англија носат изненадувачки вести. Главен кандидат за негов трансфер е Арсенал.

Медиумите на Островот тврдат дека Арсенал сака да го засили дефанзивниот ред во јануари. Луиз го гледаат како идеален за својот тим, но Челзи како што се наведува би сакал да прифати понуда од странство.

„Плавите“ најмногу би сакале да го продадат во Јувентус. „Старата дама“ исто така сака да го донесе искусниот стопер, па засега тие се првиот избор на англискиот шампион.

Луиз на двапати го ноесеше дреесот на Челзи, а во меѓувреме играше и за ПСЖ, додека европската авантура ја започна во Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…