Дома Трансфер зона Осимен призна: Мојот сон е да играм во Премиер лигата

Осимен призна: Мојот сон е да играм во Премиер лигата

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ќе биде жешка тема на лето бидејќи многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи, Баерн Минхен и ПСЖ, па се очекува голема битка за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи нема лесно да се откаже од него, но самиот Осимен не исклучува трансфер на крајот на сезоната и потврди дека неговиот сон е да игра во Премиер лигата.

„Во моментов сум фокусиран само на Наполи и клубот ќе го има последниот збор за мојот трансфер. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Работам напорно за да го реализирам мојот сон и да заиграм во Премиер лигата“, изјави Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…