Дома Фудбал Останато Озил свадбата ја прослави со голем гест: Ќе плати 1.000 операции на деца ширум светот!

Озил свадбата ја прослави со голем гест: Ќе плати 1.000 операции на деца ширум светот!

Сезоната за заборав на Месут Озил конечно е завшрена.

Oткако се прости од репрезентацијата на Германија минатото лето Озил одигра многу слаба клупска сезона и воопшто не ја оправда платата од 350.000 фунти која му ја дава Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега кога сезоната е зад него она што го очекува е неговата венчавка. Озил утре ќе се ожени со својата долгогодишна девојка Амина Гулсе и по тој повод соопшти што ќе направи за да го прослави овој ден.

Озил преку друштвените мрежи соопшти дека тој и неговата сопруга ќе платат 1.000 потребни операции за децата ширум светот. Исто така германскиот фудбалер ги повика и останатите кои се во можност да му се придружат и бројот од 1000 дополнително да се зголеми.

Операцијата ќе ја организира „Big Shoe“ која работи со германски и шведски доктори со цел на децата низ светот да им ги промени животите.
Ова секако е убав гест од Озил на кој треба да му се посака се најдобро во заедничкиот живот со Амина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал во Црна Гора: Голман нокаутираше соиграч! 🎥

Натпреварот помеѓу Будуќност и Сутјетска кој се одигра во Подгорица и заврши нерешено беше…