Дома Фудбал Одреден распоредот во Ла Лига: Барселона стартува против Гетафе, Реал против Билбао

Одреден распоредот во Ла Лига: Барселона стартува против Гетафе, Реал против Билбао

Шпанската Ла Лига денес го одреди календарот и распоредот за натпреварите од новата сезона 2023/2024.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нова сезона во Шпанија стартува на 11-ти август и ќе трае до 26-ти мај. Барселона одбраната на титулата ќе ја започне против Гетафе на кого ќе му гостува.

Реал Мадрид ќе има потежок старт и ќе игра против Атлетик Билбао исто така на гостински терен. Од првото коло интересни ќе бидат и дуелите помеѓу Алмерија – Рајо Ваљекано, Севиља – Валенсија, Виљареал – Бетис…

Првото „Ел Класико“ во првенството ќе го видиме на 29-ти октомври во рамките од 11-то коло, Барселона ќе биде домаќин, второто во Мадрид се игра во 32-то коло на 21-ви април.

Зимската пауза е предвидена да биде од 20-ти декември до 2-ри јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер Сити експресно најде замена за Родри, ќе плати 100 милиони евра

Манчестер Сити влезе во сериозни преговори за доведување на мароканскиот играч од срединат…