Дома Фудбал Во Барселона бесни и разочарани: Не може поради ова да се поништува гол! (Фото+Видео)

Во Барселона бесни и разочарани: Не може поради ова да се поништува гол! (Фото+Видео)

Барселона е длабоко разочарана поради одлуките на судиите откако загубија против Реал Сосиедад (2:1) во 20. коло на Ла Лига. И покрај серијата од 11 победи по ред, со овој пораз Барса останува на врвот на Ла Лига, но само со бод предност пред Реал Мадрид. За тоа, во Барселона ја обвинуваат судиската одлука на Хесус Гил и неговата употреба на ВАР системот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме, Барселона сведочеше на три поништени голови поради офсајд. Фермин Лопез во 7. минута, Френки де Јонг во 21. минута и Ламин Јамал во 27. минута си заминаа со поништен гол. Во последните моменти од полувремето, Барса доби пенал, но и тој беше поништен по прегледот на ВАР снимката.

Најголемото незадоволство во Барселона произлегува од поништувањето на голот на Јамал. Тие тврдат дека е невиден апсурд да се поништи тој гол поради офсајд. Анимацијата која ја прикажуваат како доказ покажува дека играчот на Барселона бил во недозволена позиција само со дел од петата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Иако е рано за дефинитивни заклучоци, вистинската драма ќе се одигра во последното коло. С…