Дома Фудбал Англија Одложен уште еден натпревар на „Боксинг Деј“

Одложен уште еден натпревар на „Боксинг Деј“

Натпреварот помеѓу Евертон и Барнли кој требаше да се игра за „Боксинг Деј“ е одложен поради големиот број на заразени фудбалери кај тимот на „карамелите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Евертон побара мечот да биде одложен, откако менаџерот Рафа Бенитез, остана со само 11 фудбалери од првиот тим. 

Првичното барање на Евертон беше одбиено, но бидејќи поголем дел од отсутните фудбалери се заразени со Ковид, Премиер лигата сепак одлучи да го одложи мечот.

Ова е трет одложен натпревар за „Боксинг Деј“ откако претходно беа одложени  дуелите Ливерпул – Лидс и Вотфорд – Вулверхемптон.

Натпреварите на традициционалниот „Боксинг Деј“ се играат во недела на 26 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…