Тимот на Шкупи денес доби големо засилување за новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нов играч на овој тим ќе биде младинскиот репрезентативец Блертон Шеји кој одигра одлична сезона во дресот на Струга Трим Лум. Шеји беше стандарден во тимот, а Струга успеа да обезбеди излез во европските квалификации.
Трансферот беше потврден од страна на тимот на Струга, а Шкупи за неговите услуги ќе плати оштета од 70.000 евра.
Кога станува збор за личните услови тој потпиша договор на три години. Шеји е веќе второ засилување за Шкупи откако претходно беше промовиран Финск Зука.
Фото: Струга Трим Лум