Дома Фудбал Англија Одлични вести за Јунајтед: Марсијал и Лингард спремни за Ливерпул

Одлични вести за Јунајтед: Марсијал и Лингард спремни за Ливерпул

Двајца од клучните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал и Џеси Лингард може да се вратат во игра за неделното дерби против Ливерпул.

Манчестер јунајтед го пречекува во големото дерби на англискиот фудбал, а бодовите се исклучително важни и за двете екипи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лингард и Марсијал се здобија со повреди на мечот против Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони и прогнозите беа дека ќе отсуствуваат од терените до крајот на месецот.

Меѓутоа, денес Солскјер ги израдува фановите и изрази оптимизам дека двајцата ќе бидат спремни за големото дерби против Ливерпул кое се игра во недела на „Олд Трафорд“.

„Се надевам дека Џеси ќе биде океј. Исто така мислам и се надевам дека Ентони ќе биде добар. Имаме уште два тренинзи ќе видиме како ќе ги поминат и ќе одлучиме дали ќе играат. Секој играч има свои атрибути и мислам дека против Челзи покажавме дека можеме и без нив. Имаме опции, составот е широк со добри фудбалери и секој сака да игра на овој натпревар“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жозе Мурињо сака втора шанса во клубот од кој беше избркан: Ќе ја добие ли?

Скоро во текот на целата сезона медиумите пишуваат за отказ на Ерик Тен Хаг во Манчестер Ј…