Дома Фудбал Одлични вести за Валверде: Соблекувалната на Каталонците доби дополнителна самодоверба

Одлични вести за Валверде: Соблекувалната на Каталонците доби дополнителна самодоверба

Играчот за врска на Барселона, Серџо Бускетс би требало да биде подготвен за в среда и мечот од четвртфиналето во ЛШ помеѓу Барселона и Рома, пишува каталонски Спорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бускетс денес почна да тренира и го одработи првиот тренинг со останатите играчи без никакви проблеми. Секако, тоа се добри вести за Ернесто Валверде.

Барселона сега се подготвува за Рома по ремито против Севиља во Примера. Бускетс се повреди против Челзи и требаше да мине три седмици надвор од теренот, но закрепна брзо и се врати на тренинг пред предвидениот период.

Бускетс веќе го одигра 41 меч во сите натпреварувања оваа сезона, а неговото отсуство веќе се примети. Многу е важен за играта на Каталонците.

И без овие вести меѓутоа, Барселона беше фаворит, а ова дополнително само ја подигна самодовербата во таборот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…