Новак Ѓоковиќ успеа да го освои Мастерсот во Синсинати откако во фантастично финале го совлада Карлос Алкараз со 2:1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Српскиот тенисер не ја криеше среќата по победата, а призна дека тоа бил еден од најтешките мечеви што ги одиграл во неговата богата кариера.
Ѓоковиќ по паузата успеа во голем стил да се врати во САД со освојување на Мастерсот во Синсинати, а најважното нешто што покажа е дека е подготвен за УС Опен во Њујорк, кој не очекува наскоро.
Публиката синоќа можеше да ужива во неверојатниот тенис на Ѓоковиќ и Алкараз кои покажаа зошто моментално се лидери во овој спорт.
Алкараз поведе со 1:0 во сетовите, но неверојатниот Ѓоковиќ со голема борба успеа да се врати на 1:1, а потоа направи пресврт на 2:1 и освои нова титула. Интересно, Новак ги доби двата сета по тај-брејк.
Колку енергија и труд вложи на овој меч се покажа на крајот. Ѓоковиќ едвај имаше сила да застане на нозе и да даде изјава во која призна дека ова е еден од најтешките натпревари што ги одиграл.
“Лудница. Искрено не знам што друго да кажам. Ова е тешко да се опише. Дефинитивно еден од најтешките натпревари што сум ги одиграл во животот.
Каков турнир, ниво и противник, неверојатно. Од почеток до крај , и двајцата се боревме, минавме низ подеми и падови, неверојатни поени, но и лоша игра во одредени моменти“, почна Новак и продолжи.
„И топлината беше страшна. На крајот, еден од најтешките и највозбудливите натпревари на кои сум учествувал. Поради вакви моменти и натпревари, продолжувам да работам од ден на ден. Никогаш не се сомневав дека можам да бидам на ниво кога е најпотребно. Воодушевен сум“ .
“Имам толку многу да кажам, но немам сила. Искрено, едвај стојам на нозе. Почит за Карлос и неговиот тим. Сите сме без зборови поради тоа што го правите на теренот. Вие сте неверојатна личност и шампион. Не многу луѓе можат да играат на тоа ниво во нивните кариери и да се справат со тоа, но она што го направивте во последните две години е неверојатно“.
Познато е дека Новак се врати во Америка по повеќе од две години забрана за настап на турнири во таа земја бидејќи не сакаше да се вакцинира против коронавирусот. Накратко се осврна и на тоа и испрати порака која одекна низ Америка и светот.
„Борете се за она во што верувате, дури и ако тоа значи дека ќе се борите сами“, рече Новак.
Novak Djokovic after beating Alcaraz: “You’re an incredible person & champion. A lot of players don’t manage to reach those heights in their entire careers. What you managed to do the last 2 years is unbelievable..”#Djokovic #NovakDjokovic #CarlosAlcaraz pic.twitter.com/FOrabtFbcl
— Rupesh Ranjan Singh (@RupeshNBT) August 21, 2023