Дома Фудбал Останато Од Реал Мадрид до финска лига за неколку години!

Од Реал Мадрид до финска лига за неколку години!

Фудбалот навистина знае да напише неверојатни приказни. Финаксиот клуб, Интер Турку доведе големо засилување и тоа поранешниот „гачактикос“ Жулијан Фаберт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста ги обиколи светските медиумите и тоа поради фактот дека 33-годишниот Фаберт некогаш играше за Реал Мадрид, а сега потпиша за клуб кој минатата сезона го освои претпоследното 11-то место во финаската лига.

Авантурата на Фаберт во Реал Мадрид траеше кратко. Во јанураи 2009 година дојде во Мадрид како позајмен играч од Вест Хем, а за „кралевите“ запиша два настапи.

Но, многу попознат стана по тоа што на натпреварот против Виљареал го фатија камерите како спие на клупата за резерви. Подоцна Фаберт се правдаше дека не спиел туку дека малку се одмарал и го затворил очите, но остана познат по тоа.

Реал во летото 2009 година го врати во Вест Хем каде одигра уште две сезони. Потоа премина во турски Елазигспор каде одигра половина сезона и се врати во матичниот Бордо.

После истекот на договорот со „жирондинците“ 6 месеци беше без клуб за потоа да потпише за шкотски Килмарнок. Ова лето повторно остана без клуб, а сега после нови шест месеци пазуза потпша за Интер Турку.

Притоа, Фаберт одигра и еден меч за француската репрезентација и постигна гол на своето деби против Босна и Херцеговина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…