Дома Фудбал Италија Од напаѓачите во Џенова сигурен е само Пандев

Од напаѓачите во Џенова сигурен е само Пандев

Пред прекинот на сезоната тренерот на Џенова, Давиде Никола инсистираше да остане доследен на составот на играчи и на нив да смета подолг период, посебно во нападот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа италијанските медиуми пишуваат дека во Џенова може да видиме промени во тимот на Горан Пандев. Италијанската „Газета дело Спорт“ пишува дека само македонскиот капитен иако има 37 години е единствен сигурен од напаѓачите.

Пандев заедно со капитенот на Џенова Кришито е најдобар стрелец со седум постигнати гола. Навивачите и клубот очекуваа многу повеќе Санабрија и Пиамонти, но засега тие се далеку од очекуваната форма. Поради тоа не е сигурно дека ќе останат.

Кога е Санабрија во прашање него му завршува 18 месечениот заем од Бетис и по се изгледа ќе се врати во Шпанија, тоа значи дека може да очекуваме нов напаѓач/и во Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прва мета за средниот ред на Интер е дете на Ливерпул

Интер сака да го засили средниот ред, и неколку играчи се во игра. Сепак, еден се издвојув…