Дома Фудбал Останато Од Молде порачуваат: Солскјер повеќе сака да победи 4:2 отколку 1:0

Од Молде порачуваат: Солскјер повеќе сака да победи 4:2 отколку 1:0

solskjer

Оле Гунар Солскјер се врати во Манчестер Јунајтед како тренер и сите очекуваат со неговото доаѓање Манчестер Јунајтед да започне да игра напаѓачки фудбал.

Дека Солскјер има напаѓачка филозофија тврди и директорот на Молде Ејстен Нерланд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Оле Гунар е тренер со напаѓачки стил на игра кој сака забавен фудбал, повеќе сака да победи 4:2 отколку 1:0. Тој е многу позитивен и допадлнив човек со јасна визија за фудбалот, а исто така знае и да работи со играчите“.

„Воопшто не се сомневам дека ќе му оди добро во Манчестер Јунајтед. Тој е легенда на тој клуб, што значи дека ќе има почитување од играчите и навивачите. Важно е да ја знае историјата и минатото на клубот, тоа што клубот го прави успешен“, изјави Нерланд.

Во овој момент може да се каже дека Солскјер е на позајмица во Јунајтед бидејќи потпиша договор до крајот на сезоната. Сепак во неговиот договор постои ставка според која ако Јунајтед сака да го задржи може да го направи тоа со оштета кон Молде од осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…