Дома Трансфер зона Од капитен до вишок: Бонучи не му е потребен на Јувентус

Од капитен до вишок: Бонучи не му е потребен на Јувентус

Во Јувентус повеќе не сметаат на капитенот на тимот, Леонардо Бонучи во новата сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бонучи минатата сезона имаше многу проблеми со повреди поради што одигра само 1.517 минути во 26 натпревари. Договорот кој го има со Јувентус е со важност до 30-ти јуни 2024 година, а претходно објави дека би можел да ја заврши кариерата на крајот на наредната сезона.

Италијанските медиуми пишуваат дека Бонучи нема да патува со екипата на турнеата во САД. Кариерата италијанскиот дефанзивец ја започна во Витербесе, а потоа играше за Интер, Тревизо, Пиза, Џенова и Бари.

Од 2010-та до 2017-та Бонучи играше за Јувентус, за потоа да помине една сезона во Милан. Во 2018-та се врати во Јувентус и во овие два мандати освои 17-трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…