Дома Трансфер зона Од Барселона признаа: Бараме напаѓач!

Од Барселона признаа: Бараме напаѓач!

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, отворено призна дека има потреба од нов напаѓач и дека клубот разгледува неколку имиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис Суарез е повреден и е во залезот на кариерата, па Каталонците уште во јануари бараа да купат нов напаѓач.

„Нема да биде лесно да се најде вистинскиот фудбалер. Разговараме за неколку имиња. Очигледно, ни треба напаѓач, кој ќе ни помогне“, изјави Сетиен пред мечот со Бетис.

„Поминав две прекрасни години во Бетис. Можам само да им се заблагодарам што ми дадоа можност да напредувам. Последните месеци беа тешки, но тоа е заборавено. Се сеќавам на секој ден, што е извонредно. Се сеќавам на среќните моменти. Дуелот против Бетис ќе биде тежок за нас, но нашата цел се трите бода“, додаде тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…