Веќе е познато дека Лерој Сане е на мета на Баерн Минхен веќе подолго време, а германските медиуми тврдат дека играчот постигнал комплетен договор со Баварците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
Ивршниот директор на Баварците Карл-Хајнц Румениге ја изненади јавноста со својата изјава и тврди дека можат да го купат Германецот за сума од 30 до 50 милиони евра.
„Баерн беше подготвен да го купи минатото лето за 100-120 милиони евра, но тогаш Сане ги скина лигаментите на коленото. Сега неговата цена ќе биде многу пониска и веројатно ќе чини помеѓу 30 и 50 милиони евра“, изјави Румениге.
Како што е познато, крилото има договор со „граѓаните“ до летото 2021 година и Сити ќе мора да го продаде ова лето, но сепак останува да видиме колкава ќе биде цената на трансферот.