Дома Останати Кошарка Ова е новиот најдобар стрелец во Евролигата на сите времиња

Ова е новиот најдобар стрелец во Евролигата на сите времиња

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на Евролигата.

Играчот на Монако го престигна легендарниот Грк Василис Спанулис, постигнувајќи 4457 поени во кариерата во Евролигата.

Џејмс го собори рекордот на натпреварот против Црвена Звезда, во кој Монако победи со 98:80. Американецот натпреварот го заврши со 20 поени.

Ова е негова десетта сезона во елитното натпреварување на европската кошарка, а постигна кош за бројни клубови – Басконија, Панатинаикос, Армани Милано, ЦСКА Москва и Монако. Џејмс има 33 години и може да се очекува дополнително да го зголеми својот рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…