Дома Фудбал Останато Ова би било мега проект: Можете ли да ги замислите Роналдо и Меси во ист тим?

Ова би било мега проект: Можете ли да ги замислите Роналдо и Меси во ист тим?

messi ronaldo

Изгледа навистина малку веројатно и тешко остварливо, но замислете еден ден да ги гледаме Кристиано Роналдо и Лионел Меси на иста страна…

Можете ли да ги замислите Роналдо и Меси во ист тим? Да, тешко е навистина, но кој знае, можеби ќе имаме прилика да ги видиме Меси и Роналдо во ист дрес. Двата најдобри играчи во псоледните десетина година се најголеми ривали на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И колку да е тешко голем број медиуми објавија дека Дејвид Бекам би можел да го направи (не)возможното.

Бекам е сопственик на тимот кој се создава Интер Мајами, а познатиот англиски фудбалер за „ТалкСПОРТ“ најави нешто големо во наредните години и ги спомена двете најпознати имиња во денешениот фудбал.

„Секој има своја листа на желби, така е во секој клуб. Кога ќе погледнете како играат Лионел Меси и Кристиано Роналдо не изгледа дека некој може да ги запре наскоро. Тие играат на исклучително високо ниво и реално тешко е да се замисли дека нивните клубови ќе се одлучат да ги продадат, но ќе видиме. Ова е фудбал и никогаш не можете да знаете што носи утрешниот ден“, изјави Бекам.

„Ги бараме најдобрите играчи кои се спремни да ја напуштат Европа и дојдат да играат фудбал во САД. Сигурен сум дека ќе доведеме големи мајстори“, најави легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…