На крајот на годината во Дубаи по традиција се собира фудбалската елита и се избираат најдобрите за минатата година, односно да бидат доделени наградите на Globe Soccer Awards.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Седум фудбалери се номинирани за најдобар играч за минатата година, а дури четворица се од европскиот шампион Ливерпул – Алисон, Мохамед Салах, Садио Мане и Ван Дајк.
Кристиано Роналдо и Лионел Меси традиционално се меѓу номинираните за најдобар играч, а оваа година ќе им се приклучи и ѕвездата од Манчестер Сити, Бернардо Силва.
Во конкуренција на клубови за титулата „најдобар“ ќе се борат – Ајакс, Ливерпул и женскиот тим на Лион.
Кај тренерите номинирани се петмина фудбалски стратези, а наградата ќе се доделува на 29-ти декември на церемонија во Дубаи.