Дома Фудбал Лига на шампиони Облак скромен: Имавме среќа, не можеш да одбраниш пенал ако играчот перфектно шутира

Облак скромен: Имавме среќа, не можеш да одбраниш пенал ако играчот перфектно шутира

Словенечкиот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак одлично се снајде во пенал рулетот против Интер на крајот од реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Oблак успеа да ги запре ударите на Алексис Санчез и Дејви Класен, додека Лаутаро Мартинез шутираше над пречката.

„Секогаш велам дека за пенали треба да имаш малку среќа. Треба да ја избереш вистинската страна, треба да ја запреш топката… Верувам дека е невозможно да се одбрани ударот ако играчот шутира перфектно. За среќа, успеав да одбраним два шута. Важно е што победивме. Се надевам дека нема да застанеме во четвртфиналетое“, изјави голманот на Атлетико по двата меча што завршија 3:3.

Имаше респект Облак и кон ривалот од спротивната страна

„Интер беше одличен. Минатата година играше во финалето во кое заслужи повеќе. Оваа година доминира, но ние ја оставивме душата на теренот во реваншот“, изјави Облак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…