Португалија се пласира во четвртфиналето во Европското првенство после вистинска пенал драма, откако после 120 минути игра немаше голови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој меч дефинитивно го одбележаа голманите, Јан Облак на една страна и Диого Коста на друга страна. Во регуларниот дел Португалија доминираше, но не успеа да постигне гол.
Во продолжението Роналдо не успеа да го совлада Облак од белата точка, а потоа во 115 минута Шешко имаше колосална шанса, но Коста феноменално одбрани.
Португалскиот голман беше апсолутен херој во пенал серијата бидејќи ги одбрани сите три удари на Словенците, а Португалците беа сигурни реализатори за 3:0.