Дома Останати Ракомет Ново одложување: Манасков и Веспрем нема да играат против Барселона

Ново одложување: Манасков и Веспрем нема да играат против Барселона

Пандемијата со коронавирусот продолжува да прави проблеми по најквалитетниот европски ракомет. Најавено е ново одложување, натпреварот помеѓу Веспрем и Барселона кој беше закажан за задутре нема да се одигра.

Одложувањето на натпреварот доаѓа од ткако шпанските ракометари се најдоа во карантин. Ви Барселона прво позитивен на Ковид-19 беше Каспер Мортенесен, а потоа и уште двајца играчи и нивните имиња не се објавени. Барселона во следните денови нема да биде во можност ниту да тренира, ниту да игра натпревари.

За Веспрем каде што игра нашиот Дејан Манасков ова не е некоја добра вест затоа што доаѓа после убедливата победа над Ѓенѓеш за викендот од 35:25.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…