Дома Фудбал Останато Ново ГОЛЕМО достигнување на Лионел Меси!

Ново ГОЛЕМО достигнување на Лионел Меси!

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси во вчерашниот натпревар против Олимпијакос во Лигата на шампионите стигна до ново големо достигнување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси стигна до бројката од 100 погодоци во европските натпреварувања откако беше стрелец во победата против Олимпијакос од 3:1.

Освен на Меси, ова му успеа само уште на неговиот голем ривал Кристиано Роналдо.

Како што кажавме Барселона го совлада Олимпијакос, а Меси во постигна гол од слободен удар во 61 минута од натпреварот. За Меси овој погодок беше 97 во Лигата на шампионите додека уште три постигна во Суперкупот на Европа.

До оваа бројка Аргентинецот стигна во 122 европски натпреварувања, односно 21 натпревар помалку од Роналдо кој до овој момент на 151 европски натпревар постигна 113 погодоци.

„Бројките се само доказ за она што го гледаме од ден во ден. Меси продолжува да ги остварува целите кои некогаш беа сметани за невозможни“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал испрати понуда од 100 милиони евра за 26-годишниот „борец“

Арсенал направи понуда од над 100 милиони евра за да започне преговори за напаѓачот на Атл…