Дома Фудбал Останато Новиот тренер на Ајакс повикот го добил на денот на погребот на неговата сопруга

Новиот тренер на Ајакс повикот го добил на денот на погребот на неговата сопруга

Џон Ван Шип пред два дена беше именуван за тренер на Ајакс, клуб кој се наоѓа во голема криза.

Холандскиот гигант е на дното на табелата со само пет бодови по осум кола, а по таквите лоши резултати очекувано тренерот Морис Стејн доби отказ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шип го чека тешка работа, но повикот од Ајакс го добил во еден од неговите најтешки моменти од животот, на денот на погребот на неговата сопруга која починала по долгата борба со ракот на дојката.

„Не беше лесно. Меѓутоа разговарав во мислите со својата сопруга и таа „од горе“ ми даде зелено светло да ја прифатам работата. Верувам дека ова е вистински избор за мене“, изјави Шип.

Во досегашната тренерска кариера тој ги водеше тимовите на Твенте, Мелбурн, Гвадалахара, Зволе и репрезентацијата на Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…