Дома Фудбал Новиот стратег на Реал со прва изјава: Сите имаме огромна желба оваа ситуација да се промени

Новиот стратег на Реал со прва изјава: Сите имаме огромна желба оваа ситуација да се промени

Сантијаго Солари вчера беше именува за нов тренер на Реал Мадрид, барем засега е најавен како привремено решение.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид утре од 19:30 часот го игра првиот натпревар во купот против третолигашот Мелија, Солари пред овој натпревар го имаше првото обраќање за медиумите.

„Планот е да излеземе на терен и да одиграме храбро. Засега тоа можам да ви кажам, целта секако е да победиме. Екипата е во проблеми, но има голема желба да ја свртиме во наша корист тешката ситуација. Не е лесно, но гледам огромна желба кај играчите тоа да се промени“, изјави Солари.
Дали е новиот „Зидан“?

„Да го оставиме Зизу на мира. Тој е еден од најголемите во историјата на Реал. За него можете да кажете што сакате, но неговата големина мората да ја оставите на мира, бидејќи не се споредува со никого“, изјави новиот стратег на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е само еден: Меси со чудесниот настап против Алжир урна шест мундијалски рекорди!

Лионел Меси ги постигна сите три погодоци на натпреварот, со што успеа да собори или изедн…