Дома Фудбал Италија Новиот договор спремен: Познато колку ќе заработува Икарди

Новиот договор спремен: Познато колку ќе заработува Икарди

Напаѓачот и капитен на Интер, Мауро Икарди веќе подолго време е во преговори со раководството за нов договор, а медиумите тврдат дека се договорени сите детали.

„Калчомеркато“ пренесува дека Икарди наскоро ќе стави потпис на нов договор според кој годишно ќе заработува 8 милиони евра во миланскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во договорот на Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, која ова лето неколку клубови беа спремни да ја платат. Поради тоа Интер брза да потпише нов договор со напаѓачот во кој ќе има повисока клаузула.

Икарди и оваа сезона е во фантастична форма и на 18 меча постигна 12 гола, а минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Серија А.

https://youtu.be/B9RMBHGRWt4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…