Дома Фудбал Новиот бисер на Салзбург постигна хет-трик за осум минути

Новиот бисер на Салзбург постигна хет-трик за осум минути

Тимот на Салзбург веќе некое време се покажа како вистински расадник на таленти и клуб кој креира идни светски ѕвезди.

Садио Мане и Ерлинг Халанд се двете најпознати напаѓачки имиња кои кариерата ја градеа во Салзбург, а по нивните стапки би можел да тргне и Патсон Дака.

Станува збор за 22 годишен напаѓач кој е репрезентативец на Замбија, а во денешното дерби во австриската Бундеслига против Стурм постигна хет-трик за осум минути и тоа во период од третата до 11. минута.

Дака сезонава е прв стрелец во Бундеслигата со 23 голови после 23 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 3:0: Ла Лига ни одмага, а Расинг се жали за сè

Реал славеше кај Расинг, но Мурињо имаше забелешки за густиот распоред и јасен став за пон…