Дома Трансфер зона Познат новинар тврди: Ми кажаа дека Бејл заминува од Реал на крајот од сезоната

Познат новинар тврди: Ми кажаа дека Бејл заминува од Реал на крајот од сезоната

bale

Герет Бејл сосема сигурно на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Новинарот Нилс Керн тврди дека некој извор од клубот му потврдил дека Бејл на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и дека сега е само прашање каде Велшанецот ќе заврши.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деновите на Герет во Мадрид очигледо се одбројани, а со доаѓањето на Зидан стана јасно дека за него нема да има место кога оваа сезона ќе заврши.

Зидан не е обожавател на Бејл кој и на крајот на минатата сеозна беше пред заминување, но тогаш веројатно остана затоаш то Зидан си замина.

Оваа сезона Бејл нема некој добар учинок и не прикажува премногу. Се повеќе навивачи се незадоволни. Проблем може да биде тоа што Реал за него бара дури 130 милиони евра.

За Бејл се интересираа клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал, но прашање е дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати сумата која ја бара Реал.

„Кралевите“ припремаат вистинска револуција ова лето и во Мадрид се очекуваат големи промени.

Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од редовите на Тотенхем и со овој клуб освои четири титули во Лигата на шампионите, Ла Лига, Суперкуп на Шпанија, Копа Дел Реј, Суперкуп на Европа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…