Дома Фудбал Италија Нови детали за скандалот: Џеко бил на работ да го претепа Ел Шарави!

Нови детали за скандалот: Џеко бил на работ да го претепа Ел Шарави!

roma

Eдин Џеко и Стефан Ел Шарави и понатаму се една од главните теми во италијанските медиуми поради конфликтот кој го имаа неодамна на полувремето во натпреварот помеѓу СПАЛ и Рома.

Рома овој натпревар го изгуби со 2:1, но сигурно дека многу поголем проблем од поразот за Раниери бил конфликтот помеѓу Џеко и Ел Шарави. Овој двоец имал вербална расправија на полувремето бидејќи босанскиот напаѓач бил незадоволен затоа што Ел Шарави во неколку прилики не му ја додал топката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Рома се обиделе да го сокријат сето ова, но италијанските медиуми сепак дојдоа до информации. Сега е јасно дека овој конфликт не бил нималку наивен и дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка помеѓу Џеко и Ел Шарави.

„Кориере дело Спорт“ пред околу една недела објави за овој судир, а сега дојдоа и до детали од целата приказна. Овој портал тврди дека изворот им е доверлив и е од соблекувалната, тој им открил дека Џеко бил на работ да го претепа својот соиграч.

Наводно Ел Шарави на крајот го спасиле Федерико Фазио и Робин Олесен кои реагирале и ги раздвоиле. Италијанскиот медиум тврди дека дури Џеко го обесил Ел Шарави за закачалката која се наоѓала на ѕидот.

Раниери бил шокиран кога видел што се случува, но успеал да ја смири ситуацијата. Сакал веднаш да ги извади и двајцата од игра, но на крајот само Ел Шарави не се појави на теренот во вториот дел.

Меѓутоа изгледа и Џеко нема да остане без казна затоа што низ италијанските медиуми веќе неколку дена се шпекулира дека нема да биде во конкуренција за натпреварот против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…