Дома Фудбал Голема акција: Нови апсења поради убиството на навивачот на АЕК

Голема акција: Нови апсења поради убиството на навивачот на АЕК

Преку европска потерница, Грција побара апсење и екстрадација на десет навивачи на Динамо Загреб кои се поврзуваат со нередите во Атина во кои животот го загуби еден навивач на АЕК.

Медиумите во Хрватска пренесуваат дека полицијата постапила по наредба и уапсила неколку навивачи, поточно девет.

Засега официјални информации нема, а од полицијата истакнуваат дека не сакаат да се огласуваат со цел од корист на истрагата.

Од друга страна адвокатите на уапсените навивачи тврдат дека грчкото правосудство нема никакви докази против обвинетите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…