Дома Трансфер зона НОВАТА ЦЕЛ НА ПЕРЕЗ: Од него ќе направи светска класа!

НОВАТА ЦЕЛ НА ПЕРЕЗ: Од него ќе направи светска класа!

Реал Мадрид оваа сезона има проблеми, и понатаму се прилагодува на живот по Роналдо, а ќе има работа за скаутите кои се обидуваат да ја пронајдат вистинската замена за споменатиот Роналдо, па и за Модриќ, Крос, Бензема, Бејл, Марсело, Рамос и останатите кои веќе долго време играат во овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Смена на генерацијата е блиску, тоа е една од причините зошто се доведени млади играчи во претходниот период, а со тоа темпо и ќе се продолжи на зима. Новата цел е младиот репрезентативец на Шпанија, Алфонсо Педраза кој настапува за Виљареал и кој има откупна клаузула од 22 милиони евра.

Ова момче игра лев бек и би бил природна замена за Марсело, во Реал сметаат дека од него би можеле да направат играч од светска класа доколку се се вклопи, бидејќи е несомнено дека 22-годишниот фудбалер има потенцијал за такво нешто. Брз е, има чувство за гол, како и за асистенција, па често игра и како левокрилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…