Дома Фудбал Останато Новата бразилска ѕвезда: Не ме споредувајте со Нејмар, не сакам да бидам како него!

Новата бразилска ѕвезда: Не ме споредувајте со Нејмар, не сакам да бидам како него!

vinicius

Реал Мадрид го обезбеди потписот на неверојатно талентираниот фудбалер кој го носи дресот на Фламенго, сега тој зборуваше за споредбите со неговиот сонародник Нејмар.

Винисус често пати е споредуван со Нејмар, но тој тврди дека сака да изгради сопствено име и не сака да биде споредуван со никого.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не сакам да бидам новиот Нејмар. Тој навистина направи многу во кариерата, но јас мислам само на себе. Не сакам да бидам споредуван, ниту пак да бидам како него. Сакам да градам сопствена кариера, да имам голем успех и да го израдувам Бразил“, изјави младиот фудбалер.

Иако има само 17 години Винисус одигра повеќе од 50 натпревари за првиот тим на Фламенго и постигна 10 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…