Дома Останати Кошарка НБА Нова ѕвезда во Лејкерси: Леброн го сака својот долгогодишен пријтел!

Нова ѕвезда во Лејкерси: Леброн го сака својот долгогодишен пријтел!

Според информациите кои пристигнуваат од најсилната кошаркарска лига во светот Леброн Џејмс побарал доведување на Кармело Ентони кој неодамна беше отпишан од Хјустон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако клубот го отпиша, Мело се уште е под договор со Хјустон и овој клуб после 15-ти декември ќе се обидат да направат трејд. Ако не успеат во тоа веројатно ќе го отпушат, па ветеранот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Леброн е голем пријател со Мело. Уште од најраните денови водеа големи битки на паркетот, но никогаш нивното ривалство не им направи проблем во пријателството.

Џејмс смета дека 34 годишниот Ентони и тоа како може да им помогне на Лејкерси до крајот на сезоната. Десеткратниот „Ол Стар“ играч стигна во НБА лигата кога и Џејмс. Тој е избран како трет пик во 2003 година од страна на Денвер, а покрај тимот од Колорадо настапуваше за Њујорк Никси И Оклахома.

Мело е еден од најдобрите стрелци во изминатите 15 години и во кариерата има просек од нешто повеќе од 24 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…