Дома Македонски спорт Мак ракомет Нова победа, падна и Алжир за финале на „Трофеј на Карпати“

Нова победа, падна и Алжир за финале на „Трофеј на Карпати“

Репрезентацијата на Македонија денес го победи Алжир и се пласираше во финалето на турнирот „Трофеј Карпати“.

И на овој турнир како и во двата натпревари со Кувајт ги нема главните играчи кои ќе се приклучат на репрезентацијата по враќањето од Романија. Денес на полувремето водевме со 15:9, но на крај победивме само со еден гол разлика 25:24.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По полувремето во кое имавме седум разлика, Алжир во вториот дел започна да игра многу подобро и потоа одржувавме предност од 1-2 гола разлика. Алжирците имаа напад и за изедначување, меѓутоа не реализираа.

Кај нас најефикасен беше Танкоски со осум гола, Попобски постигна четири, Митревски на голот запиша четири одбрани. Треба да се напомене и дека голманот на Вардар, Калифа Гебдан имаше големи заслуги за враќањето во игра на Алжир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јуве…